Петар Печков
Објавено: среда, 20 октомври 2010
Наместо во 6,50 патничкито воз за Гевгелија, од железничакта станива во Велес тргна во 8,50 часот. Причината е иста, како и таа од пред некој ден, со таа рзлика што сега се расипа електрична локомотива а претходно тоа беа моторни машини.
Патниците лути и нервозни, трпеливо чекаа да се поправи машината и дури даваа сугестии како тоа да се стори. Екипажот од локомотивата со чекан и тел, се справуваше на предизвикот да ја поправи.
Ако е еднша, тоа може да е инцидент, ако е два пати може и да се толкува како малер ама за три дена три пати истата слика, тоа е веќе загрижувачки за состојбата во ЈП МЖ. Во петокот вечерта и саботата вечер, поради неисправна локомотива патниците чекаа по три саати во Богомила и Кадина Река за да тргнат кон Скопје односно Битола.
Tweet |